Вметнување SIM картичка и батерија
Овој уред е наменет за употреба со батеријата BL-5CA.
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
1 Лизгајте го задниот капак надолу (1) и отстранете го.
2 Подигнете ја батеријата и отстранете ја (2).
3 Внимателно подигнете го држачот за SIM картичката, со помош на дршката за
прсти од уредот (3). Вметнете ја SIM картичката (4). Осигурете се делот со
контакт површината да е свртен надолу и засечениот агол на SIM картичката
да се наоѓа на горната десна страна. Затворете го држачот за SIM картичката,
и притиснете го за да се заклучи на своето место (5).
4 Вратете ја батеријата и задниот капак (6, 7).